
Градоначалникот на Струга, Менди Ќира, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата.
Според полицијата, осомничениот, во својство на градоначалник, спротивно на одредбите од Законот за основно образование, донел одлука со која незаконски го разрешил директорот на општинско основно училиште, по што именувал друго лице за вршител на должноста директор.
Според Министерството за внатрешни работи, Ќира бил свесен дека новоименуваното лице не ги исполнувало во целост условите предвидени во член 118 од Законот.