
Граѓаните денес живеат многу полошо отколку пред две-три години, изјави лидерот на СДСМ Филипче на прес-конференција во понеделник. Дополнителен проблем е губењето на надежта дека условите за живот во земјата можат да се подобрат, оцени тој.
Според него, СДСМ ќе се обиде да ја врати довербата на јавноста и да ја сврти ситуацијата во земјата.
„Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните и оваа состојба ќе се промени, ќе влеземе во Европа, а младите луѓе ќе ја видат својата иднина тука“, рече Филипче.