Укината пресудата за случајот со автобуската несреќа кај Ласкарци

Предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци од 2019 година е вратен на повторно судење, откако Врховниот суд ја укина одлуката на Апелациониот суд во Скопје.

На седницата одржана на 9 септември, Врховниот суд ги прифати барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осудените лица преку нивните адвокати. Судот ја укина одлуката на Апелациониот суд од 17 април 2025 година и наложи предметот повторно да се разгледа.

Несреќата се случи кога автобус на компанијата „Дурмо Турс“ излета од патот кај Ласкарци, при што загинаа 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени.

Во мај, Апелациониот суд во Скопје ја зголеми затворската казна за сопственикот на компанијата, Бекир Белули, од четири на 10 години, а за менаџерот Мифтари – од шест на 10 години. За возачот Мануел Трифуновски остана во сила казната од 14 години, додека тројца вработени во станицата за технички преглед добија казни од пет, односно седум години затвор.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *