
6 нови случаи со западнонилска треска се регистрирани во Македонија за еден ден. 5-мина инфицирани се од Скопје (тројца од Гази Баба над 70 годишна возраст и по еден од Зелениково на 26 години и Аеродром 59 годишен). Прв случај е потврден и во Куманово.
Според информации од тамошниот Центар за јавно здравје заболениот е маж на 65 години од приградско населено место и не патувал надвор од државата. Пациентот е хоспитализиран на Инфективната клиника.
Од кумановскиот центар за јавно здравје велат дека по направената анкета со членови од потесното семејство на заболениот ќе ги преземат потребните епидемиолошки мерки.
Досега западно-нилска треска е потврдена кај 50 лица. Речиси половината се хоспитализирани на инфективна поради тешка невроинвазивна форма.