Советот на Пехчево едногласно ја отфрли иницијативата за Дата центарот

Општина Пехчево во вторник ја отфрли иницијативата за изградба на центар за податоци во градот. Против гласаа сите девет членови на Советот – пет од ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција, тројца од СДСМ и нејзината коалиција и еден од ЗНАМ. Гласањето уследи по бурните реакции на јавноста во текот на претходните неколку недели околу најавениот проект и начинот на кој беше спроведена постапката.

Самиот градоначалник Александар Китаноски предложи симнување на иницијативата од дневен ред, наведувајќи дека тоа го прави по бурните реакции на граѓаните. Иницијативата, појасни, ја поднеле приватни лица, сопственици на земјиштето, а тој имал обврска да ја проследи до Советот.

Во врска со ова прашање, Левица рече дека притисокот направил разлика.

„Градоначалникот Александар Китаноски беше видно вознемирен што Левица, иако нема членови на Советот во Пехчево, дозна што се подготвува и ја алармира јавноста“, велат од партијата.

Став за ова даде и премиерот Мицкоски.

„Како инженер и како човек сметам дека вештачката интелигенција и податочните, односно дата-центрите, се новата нафта“, изјави тој. Сепак, нагласи дека тоа е приватна иницијатива.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *