
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го затвора случајот во врска со набавката на 19 модуларни болници, велејќи дека не пронашло елементи на кривично дело. Случајот е отворен во септември 2021 година.
За време на проверките, собрана е и анализирана документација од повеќе институции, вклучувајќи ги министерствата за здравство, финансии и внатрешни работи, Владата и Бирото за јавни набавки.
Обвинителството утврди дека постапките за набавка се спроведени во согласност со важечките правила, вклучително и оние на Светската банка во однос на проектот финансиран преку нејзиниот заем.