Централен настан по повод Денот на армијата во Охрид

„Денес, Армијата е високо организирана, професионална и интероперабилна сила, подготвена да одговори на современите безбедносни предизвици“, изјави претседателката и врховен командант Силјановска Давкова на централниот настан по повод Денот на Армијата (18 август), што се одржа во вторник во Охрид.

Армијата ги исполнува стандардите на НАТО и ги интегрира во сопствената пракса, а нејзината улога е витална за стабилноста и безбедноста и на земјата и на Алијансата, оцени таа. Министерот за одбрана Мисајловски истакна дека модернизацијата на Армијата се одвива според планот.

Возилата JLTV и Stryker, артилериските системи Boran и поголемиот дел од системите Mistral 3 веќе се испорачани, а првите два нови хеликоптери се очекува да пристигнат до крајот на годината, објасни тој.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, нагласи дека Армијата ја потврдила својата оперативна подготвеност, особено преку вежбата „Флеш 26“ и успешната евалуација на пешадиската баталјонска група.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *