Случај „Еуростандард банка“: ЕСЧП испраќа официјални прашања до Владата

Во врска со случајот „Еуростандард банка“, Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) соопшти дека испратиле официјални прашања до Владата во врска со случајот во кој на сопствениците на банката, бизнисменот Трифун Костовски и неговиот син, Коста Костовски, им бил замрзнат имотот за време на истрагата за колапсот на банката. Тоа значи дека ЕСЧП ја започнува првата фаза по апликацијата на Трифун Костовски.

Во три наврати биле замрзнати разни имоти на таткото и синот. Кога побарале да им се одмрзне имотот, не добиле одговор од Кривичниот суд во Скопје. Апликацијата беше поднесена во 2023 година, додека истрагата отворена на крајот на 2020 година сè уште беше во тек.

Семејството Костовски изјави дека според домашното право, истражните органи треба или да ја прекинат истрагата или да поднесат обвинение најдоцна 21 месец по отворањето на истрагата.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *