
Доколку до 22 август не се поднесе обвинение против поранешниот ДПМ Груби, кој е на црната листа на САД, а е осомничен во случајот Лотарија, тој ќе биде ослободен од домашен притвор. ВЛЕН се сомнева дека Груби зборувал и на тој начин ја купува сопствената слобода откривајќи тајни за ДУИ.
Владејачката партија бара Обвинителството да дејствува во случајот Лотарија бидејќи, како што оценува, Груби е „црната кутија“ на ДУИ и знае „кој им ги полнел џебовите со пари од зделки со коцкарски бизниси”. Сепак, ДУИ истакнува дека ВЛЕН врши „неприфатлив притисок врз правдата“.
„Обвинителите ја носат одговорноста и мора да одлучуваат врз основа на закон, докази и експертиза, а не врз основа на партиски наредби и желби. Ова е потврда на досегашните сомневања во врска со притисокот на владата врз обвинителството и судството“, забележува партијата на Ахмети.