
Во саботата беше одбележана 25-годишнината од заседата кај Карпалак. Во центарот на Прилеп, делегации од Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Собранието, Владата, Министерството за одбрана, Армијата, Општина Прилеп, семејствата на загинатите во заседата и политичките партии им оддадоа почит на десетте загинати припадници на резервниот состав на Армијата.
Соништа, семејства, надежи и планови беа запишани во нивните животи, но кога татковината ги повика, тие не се поколебаа, односно заминаа да ја бранат и ги дадоа своите животи правејќи го тоа, изјави на одбележувањето градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
Мисајловски рече дека храброста и жртвата никогаш нема да бидат заборавени. Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи рече дека 8 август е еден од датумите што никогаш не се забораваат.