
Адвокатот Насер Рауфи за Телма потврди дека на неговата клиентка, 23-годишната Ива Михајлова, судот во Кочани го отфрлил и последното барање за лекување на повреден рбет во странство. Михајлова е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со жртва и ѝ се одземени пасошите.
Нејзината одбрана смета дека се обезбедени сите медицински документи со кои се потврдува дека Михајлова не може да се лекува во Македонија, а случајот е широко експлоатиран во Бугарија бидејќи младата кочанчанка се изјаснува како Бугарка и и има двојно државјанство.
“Одлуката ќе ја обжалам на втор степен, пред Апелациониот суд во Штип, во понеделник”, изјави телефонски, адвокатот Насер Рауфи.
Бугарското МНР, во соопштение за медиумите, изрази загриженост во врска со одлуката за отфрлање на барањето за лекување во Бугарија.