
Обвинителството поднело жалба по пресудата за предметот Талир 2 со која обвинетиот поранешен премиер и бегалец Никола Груевски беше ослободен од вина, со што се одмрзнува и имотот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кој и партиското седиште во Скопје.
Обвинителството потврди дека надлежниот обвинител вложил жалба на пресудата до Апелациониот суд во Скопје.
Предметот „Талир 2“ застарува на 31-ви август и доколку до крајот на месецот односно за 25 дена, судот не донесе правосилна одлука, целиот случај за нелегално партиско финансирање паѓа без можност за нов судски процес.