Лотарија: Мерката за куќен притвор против Груби може да биде укината на 22 август

До 22 август е последниот рок за истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ и тогаш е можно тој да биде пуштен од куќен притвор, доколку обвинителот не подигне обвинение против него, објави СДК.МК.

Од обвинителство за Телма велат дека истрагата е се уште во тек, поради што нови детали за овој случај не може да се споделуваат. Од Кривичниот суд пак велат дека ако нема обвинение постои можност куќниот притвор на обвинетиот да се укине.

“Ако нема обвинение, куќниот притвор на осомничениот за кој прашувате му се укинува и Основниот кривичен суд Скопје по службена должност одредува мерка за обезбедување присуство. Најчесто тоа е одземање на патната исправа”, одговориле од Кривичниот суд.

Артан Груби е осомничен за проневера од 8,2 милиони евра во Државна лотарија. Тој 14 месеци беше во бегство и сам на 23 февруари се врати на граничниот премин Блаце. Иако со определен затворски притвор, помина само три часа во Шутка и му беше сменета одлуката.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *