
Иницијативата за подигнување споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад предизвика реакции во Србија, Грција и Бугарија. Предлогот го поднесе Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија по повод 80-годишнината од доселувањето на Македонци во Војводина, пишува “Данас“.
Предлогот наиде на остри реакции од Граѓанската партија на Грците во Србија, која побара властите во Нови Сад да ја отфрлат иницијативата. Од партијата оценија дека споменикот би претставувал „длабоко непочитување кон грчкиот народ и држава“, а особено спорен го сметаат називот „Мајка Македонија“.
Реакции има и во Бугарија, каде што иницијативата се толкува како дел од поширокото српско влијание на Балканот инаку се работи за бронзена скулптура висока околу два метри, која би прикажувала жена во традиционална македонска носија со две деца – едното свртено кон Србија, а другото кон Северна Македонија.
Автор на проектот е скулпторот Синиша Новески.