
Идејата за промена на Уставот стана политички токсична по премногу направени отстапки – изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Политико“. Според него, граѓаните се уморни од „поместувањето на голот“ и не веруваат дека Бугарија едноставно нема да бара нешто друго.
“Ова е апсолутна злоупотреба на позицијата на една земја членка на Европската Унија”, изјави Муцунски.
Во таа смисла, Муцунски нагласи дека земјата станала „студија на случај“ за тоа како билатералните спорови би можеле да го попречат процесот на проширување на ЕУ.
“Да, понекогаш сме многу фрустрирани поради недостигот од политички резултати. Да се каже дека кон нас се постапувало неправедно е преблага формулација”, вели министерот за надворешни работи.
Тој инсистираше дека земјата го заслужи своето место во ЕУ и сака блокот да излезе со „фер, предвидлив и кредибилен пат“ напред.