Случај Станка Михајлова: Инспекторатот заврши со вонреден инспекциски надзор

Државниот санитарен и здравствен инспекторат го заврши вонредниот инспекциски надзор во Струмичката болница, Клиниката за неврологија во Скопската и во Штипската болница во врска со случајот на 19-годишната Станка Михајлова, која остана парализирана по породување со царски рез.

Изготвен е извештај и веќе е испратен до Министерството за здравство. Од таа институција веќе соопштија дека откако ќе се утврди целосната фактичка состојба, ќе следат заклучоци, а доколку е потребно ќе се преземат и понатамошни дејствија.

Семејството на Михајлова тврди дека компликациите започнале веднаш по породувањето со царски рез во Штипската клиничка болница.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *