Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење

Поради штетна бактерија, водата од гостиварскиот водовод и натаму не е безбедна за пиење. Може да се користи само како техничка. Надлежните продолжуваат со анализите. Последната бројка од Министерството за здравство е дека седумдесетина граѓани побарале лекарска помош поради здравствени проблеми од водата.

Директорот на Општата болница, Емри Бајрами, вели дека бројот на случаи се намалува во здравствената установа. Како што истакна, сите нови пациенти имаат благи симптоми, а едно дете е хоспитализирано еден или два дена и наскоро ќе биде отпуштено на домашно лекување.

Во меѓувреме, многу од оние кои ја користеле техничката вода за капење и миење садови велат дека се соочуваат со нови здравствени последици, односно развиле инфекции на кожата, црвенило и други проблеми.

Сепак, Бајрами рече дека гостиварската болница не е евидентирала зголемен број на инфекции на кожата.

Во меѓувреме, обвинувањата за случајот со контаминација на водата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат, додека Кожувчанка ги негира обвинувањата на СДСМ за процесот на набавка на флаширана вода.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *