
Во врска со случајот со контаминација на водата, Министерството за здравство во вторник соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува под континуиран надзор од страна на надлежните здравствени институции. На 3 август се регистрирани 78 прегледи, шест помалку во споредба со претходниот ден.
Во меѓувреме, на Клиниката за инфективни болести е регистриран нов сомнителен случај на западнонилска треска. Во моментов се во тек лабораториски тестови за потврдување или исклучување на болеста.