
„Никој нема право да ја ревидира нашата историја затоа што слободата не ни е подарена, туку сами си добивме држава“, рече претседателката Силјановска Давкова во своето обраќање по повод Илинденското востание и Денот на Републиката (2 август) пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, првиот поглавар на Президиумот на АСНОМ, во Скопјe.
Таа додаде дека постои долг кон историската вистина и кон борците кои „со крв ја добиле слободата и Македонската Република“.