
Во четврток, Зоран Герасимовски беше избран за вршител на должноста претседател на Апелациониот суд во Скопјe, иако другата кандидатка, Тања Милева, беше највисоко оценета судијка. Милева, номинирана од членката на Судскиот совет, Антоанета Димовска, доби само два гласа, додека Герасимовски, номиниран од Ивица Николовски, доби поддршка од девет члена.
„Треба да го избереме судијата кој добил најмногу поени во последната евалуација, бидејќи на тој начин избираме судија чиј професионален квалитет е објективно утврден“, рече членката на Советот, Сузана Јошевска-Анастасовска.
Сепак, таа позиција не доби мнозинство. На седницата, Советот утврди и дека претседателот на Основниот суд во Струга, Винца, ги исполнува условите за старосна пензија.