
Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд со 64 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“. Одлуката по гласањето ја соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши.
По изборот, Дика Георгиевска даде свечена заклетва пред пратениците и официјално ја презеде функцијата уставен судија. Таа на оваа позиција доаѓа од местото претседател на Апелациониот суд Скопје. Мери Дика Георгиевска има долгогодишно искуство во правосудството.
Во својата кариера работела како адвокат, судија во Основниот суд Скопје II и во Апелациониот суд Скопје, била член на Судскиот совет, а од 2023 година ја извршуваше функцијата претседател на Апелациониот суд Скопје.