СДСМ го критикува Мицкоски поради проблемот со корупцијата

СДСМ сатирично ја прокоментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека корупцијата била перцепција во државата, по што ги повика граѓаните ако се соочиле со таков случај, да пријават.

„Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија, ама не мора да се замарува, линијата за пријава кај нас е веќе отворена – шест месеци стои на веб-адресата Micko.mk“, нагласи Кети Штерјова од СДСМ, на денешнатра прес-конференција.

Во интервјуто, Мицкоски изјави дека ќе се отвори линија каде што граѓаните од кои е побарано мито ќе можат да го пријават тоа. Зборувајќи за аспектот на перцепција, тој се осврна на анкета.

“Пред извесно време ни презентираа една анкета која што е работена од реномирана куќа за реномирана странска институција. И таму во таа анкета беа опфатени локалните институции и државните институции. На прашањето дали има корупција во вашата институција или во државата, 80 проценти велат да има. На второто прашање дали вие сте биле предмет на корупција или познавате некој на општинско ниво под 5 проценти од испитаниците, а на централно ниво под 3 проценти”, нагласи премиерот, велејќи исто така дека нема дилеми дека е создадена перцепција.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *