Градоначалникот Камчев: Нема арсен во валандовската вода

Нема арсен во водата во Валандово, уверува денеска градоначалникот Ѓоко Камчев, откако беа направени дополнителни анализи во Институтот за јавно здравје во Скопје. Во изјава за Канал 5 тој објаснува дека веднаш откако ги добил првичните анализи, побарал да се направат дополнителни испитувања, за да се потврди квалитетот на водата за пиење.

Сепак, Агенцијата за храна и ветеринарство сè уште не изјавила дека водата може да се користи за пиење. Според институцијата, одлуката за забрана ја доставила на 16 јули 2026 година, но таа стигнала до јавноста дури во среда, преку официјалната веб-страница и Фејсбук страницата на Агенцијата.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *