
Министерот за здравство Сашо Клековски соопшти дека продолжува да се намалува бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентеритис во Гостивар. Според податоците од здравствените установи, бројот на прегледи во болницата и Здравствениот дом е значително помал во однос на претходните денови.
Кризниот штаб одржа уште една седница. Беа дискутирани дополнителни мерки за понатамошно намалување на бројот на граѓани со здравствени проблеми и помош на жителите на Гостивар. Беа разгледани и количините вода што треба да се достават во градот.
Штабот останува во постојана координација со експерти од Скопје кои се на терен и работат на санација, со примарна цел водата прво да се врати технички употреблива, а набргу потоа и безбедна за пиење.
Сепак, според резултатите од најновите анализи, водата од водоводот сè уште не може да се користи.