
Силното невреме кое вчера го погоди Скопје според класификацијата за јачина на ветар е оркан – ураган кој бил со јачина од 130 километри на час. Максималната брзина на ветрот е измерена во Штип во 17 часот, каде дувал оркан со јачина од 134 километри на час со правец запад – северозапад.
Како што појаснуваат од УХМР оркан – ураган е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и големи штети.