Водата во Гостивар: На тројца осомничени им е изречена мерка притвор од 30 дена

Основниот суд во Гостивар им определи 30-дневен притвор на тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во градот, прифаќајќи го предлогот на Основното јавно обвинителство Гостивар. Мерката притвор е определена за вршителката на должност директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути, и техничкиот директор на претпријатието, Леон Мезини.

Обвинителството ги товари за тешки дела против животната средина и природата, поврзани со загадување на вода за пиење, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку четири години.

 

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *