Новоименуваните амбасадори го поминаа собранискиот филтер

Новоименуваните вонредни и ополномоштени амбасадори – Илина Мангова за Велика Британија, Стојанче Китаноски за Австралија и Линда Салиоска Иљазоска за Холаднија денеска го поминаа собранискиот филтер и се поблиску до нивно преземање на дипломатската мисија на која ги испрати Владата.

Мангова станува амбасадор во време на политички турбуленции во Обединетото кралство со оставката на Стармер и презмањето на премиерската функција од Брнам, но и во засилени дипломатски односи со Македонија преку стратешко партнерство и 6 милјарди евра помош за инфраструктурни проекти. Холандија пак, иако важи за поддржувач на ЕУ проширувањето, но и критички настапува кон внатрешни реформски процеси.

Новоименуваната амбсадорка на Хаг гледа потенција за економска соработка во делот на зелената транзиција, агротехнологиијата, ИКТ технологијата.

Амбасадарот во Австралија ќе се концентрира на македонската дијаспора која таму брои речиси 200 илјади Македонци.

Мангова доаѓа од граѓанското општество како дел од раководството на ИРИ институтот во Македонија, додека пак, Салиоска и Китаноски се дел од професионалниот тим на Министерството за надворешни работи и трговија.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *