
Во врска со Извештајот на ЕК за владеење на правото во Северна Македонија за 2026 година, од страна на СДСМ изјавија дека е потврдено она што партијата го кажува со месеци – дека Мицкоски и ВМРО вршат системски притисок врз судството и Обвинителството и дека корупцијата останува неказнета.
И од Левица упатија обвинувања кон Мицкоски, велејќи дека ЕК не опишува неколку изолирани слабости, туку систем во кој корупцијата останува широко распространета. Од друга страна, Мицкоски смета дека документот содржи и позитивни оценки и критики.
„Од сите извештаи досега, ова е најдобриот Извештај за нас како земја. Не е идеален, има забелешки, но има и многу пофалби за проектите и политиките што се спроведуваат“, истакна тој.
Сепак, тој додаде дека Владата нема да одобри дополнителни средства за судството и Обвинителството, подвлекувајќи дека судиите и обвинителите не го заслужиле тоа.