Амбасадорот Вард ги презентира приоритетите на ирското претседателство со ЕУ

Проширувањето на Унијата е важен приоритет на ирското претседавање со Европската Унија, порача на амбасадрот на Ирска во земјава, презентирајќи ја програмата на официјален Даблин.

Брендан Вард пред Националниот совет за евроинтеграции посочи дека ќе настојуваат Црна Гора да ги заокружи преговорите со Унијата до крајот на годинава и да постигнат суштински напредок со останатите три земји кандидатки кои ги започнаа преговорите по кластери. Во однос на Македонија најавува дијалог во рамките на Унијата за земјава да го направи потребниот исчекор.

Поддршка за европските вредности кои во минатото биле занемарени од некои земји членки е еден од трите приоритети на Ирското претседателство, изјави амбасадорот Вард.

Да се почитуваат европските вредности упатија повик заменик претседателот на националниот совет за евроинтеграции – Антонијо Милошоски како и пратеничката од опозициските редови – Моника Зајкова. Милошоски од Ирското претседателство побара како што рече, почит и партнерски пристап но и поголема поддршка за “порационално однесување од одредени членки на ЕУ”.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *