Реакции за ситуацијата со имињата на улиците во Чаир и Тетово

Советот на општина Чаир доби иницијатива, поднесена од ДУИ, за преименување на улици по борци на Ослободителната народна армија (ОНА). Доколку биде усвоена, улиците Јаја Паша и Флака е Влазримит ќе бидат преименувани по командант Тели и Зеќирија Хасани.

Општината во петокот за Канал 5 изјави дека станува збор за предлог-одлука, а не за конечна. Нема одговор дали имало Бадентерово мнозинство, како што е пропишано со закон.

Сепак, според СДСМ, имињата веќе се променети без почитување на принципот на Бадентерово мнозинство, што е направено со одобрение од ВМРО-ДПМНЕ. Целта, според нив, е да се поттикнат меѓуетнички тензии во Чаир.

Во Тетово, протестниот марш организиран од ДУИ за имињата на улиците во тој град се одржа во саботата. Заврши пред зградата на општина Тетово.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *