
Судењето на осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане, 25-годишниот Трајче Бојковски, кој е обвинет за убиство на четири жени и обид за убиство на уште две, започна во четврток. Тој се изјасни за невин.
Откако првично одби да одговори на прашањата на судијата во врска со неговите лични податоци, конечно проговори по продолжувањето на процесот и рече дека е невин. Бојковски, исто така, изјави дека разбира за што е обвинет.
Тоа предизвика реакција од неговиот адвокат, Драган Трајковиќ, кој рече дека го советувал својот клиент да се изјасни за виновен. По кратка пауза побарана од одбраната, Трајковиќ го отповика полномошното за Бојковски.
Обвинителот Љубомир Лапе изјави дека Бојковски ги извршил убиствата на однапред смислен начин, мотивиран од омраза кон жени.
„Некрофилијата беше доминантен мотив за убиствата“, подвлече тој во своето воведно излагање.