Одржано ново рочиште за судењето за пожарот во Кочани

Со презентација на докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, како размена на пораки на Фејсбук, Вибер и Месинџер во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Од одбраната имаше реакции дека во дел од презентираните документи, никаде не се спомнува „Пулс“. Воедно, еден од адвокатите рече дека по обвинетите се плука по медиуми, биле нарекувани со погрдни зборови, додека во една комуникација, како што рече, еден од обвинетите и еден од оштетените разговарале околу тоа, да се пушти малолетната ќерка во „Пулс“, доказ за кој, како што рече, бара да се презентира уште еднаш.

“Од доказите на Обвинителството ни останаа уште градежните вештачења и градежните вештаци”, рече судијката Дијана Груевска-Илиевска на крај од денешното рочиште.

По изведувањето на доказите на Обвинителството, материјални докази и сведоци ќе изведува и одбраната, која, како што најави, има и две вештачења. Следното рочиште е закажано за 14 јули.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *