Осум инспектори од Инспекторатот за труд обвинети во врска со случајот со пожарот во Кочани

Осумина инспектори во Државниот инспекторат за труд се осомничени прврзани со работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Денеска полицијата од Кочани поднесе кривични пријави до обвинителството за несовесно работење во службата. Пријавите се против шестмина инспектори од Кочани и по еден од Скопје и Македонски брод.

Полицијата ги сомничи дека не покренале ниту воделе постапка за инспекциски надзор, не го спречиле незаконското работење на објектот и во континуитет ги изложувале ангажираните лица на опасност поради непроверени услови од аспект на безбедноста и здравјето при работа.

Според МВР, со тоа овозможиле објектот незаконски да продолжи да работи и да оствари противправна имотна корист од 20 илјади евра.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *