
По вчерашното невреме во Скопје, околу 50-тина граѓани пријавиле штети, најчесто за поплавени гаражи и подруми. Од таму апелираат, доколку има потреба од отштета, да се обратат до градот, тие ќе помогнат. Во попладневните часови се најавуваат нови врнежи од дожд.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека екипите се спремни и денеска на критичните точки ќе бидат на терен за навремено да интервенирааат.
Според Центарот за управување со кризи, силното невреме најмногу ги погоди општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Аеродром.
Во врска со тврдењата и обвинувањата, вклучително и од страна на СДСМ, за Клиниката за онкологија, институцијата изјави дека нема опасност за пациентите и медицинскиот персонал.