
Во врска со случајот со насилството меѓу врсници во Аеродром, министерот за внатрешни работи Тошковски во четврток изјави дека против лицата ќе бидат поднесени кривични пријави, како и против нивните родители. Министерството ги презеде сите мерки во рамките на својата надлежност.
На прашањето дали се потребни законски измени во насока на поголема родителска одговорност, министерот изјави дека ќе бидат анализирани сите предлози што би придонеле за поефикасен институционален одговор.
Во врска со можноста за повторно воведување на таканаречени маалски полицајци, Тошковски нагласи дека Министерството работи на поголемо полициско присуство на терен и на проширување на системот за видео надзор.