Транспортерите ќе испратат заедничко писмо до ЕК во врска со ограничувањата за престој

Превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина денеска ќе испратат заедничко писмо до Европската комисија со барање најдоцна до 10 август да биде понудено прифатливо решение за проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.

Одлуката била донесена на состанокот на транспортните здруженија од четирите земји, од каде најавуваат дека писмото ќе биде доставено и до владите, стопанските комори и извозните компании во регионот, со цел да се засилат притисоците за побрзо решавање на проблемот.

Доколку до наведениот рок не се добие прифатлив одговор, здруженијата повторно ќе се состанат и ќе најават нови конкретни мерки за забрзување на решавањето на проблемот. По заедничкиот состанок, претседателот на Деловното здружение „Меѓународен транспорт“, Неѓо Мандиќ, соопшти дека здруженијата сакаат да избегнат протести и блокади на границите, бидејќи тоа би им нанело штета на превозниците, на економијата во регионот и на европските партнери.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *