Одлуката за казната на Јакимовски ќе биде донесена по одговорот на здравствените институции

Стевче Јакимовски поранешниот градоначалник на Карпош поднел барање за одлагање на издржување на затворската казна поради здравствени причини.

Судијата за изршување на санкции извршил проверка на приложената медицинска документација и до двете здравствени приватни установи поднел барање за проверка на кои се уште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука.

Согласно законот за извршување на санкции судијата има рок од 30 дена од прием на барањето, да ги провери околностите и да донесе одлука дали на Јакимовски ќе му се одложи издржувањето на казната.

Од Кривичниот суд информираат дека до донесување на одлуката почетокот на извршување на казната се одлага. Јакимовски барањето го поднел на 12 јуни што значи дека судијата одлуката треба да ја донесе до 12 јули.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *