
Министерствата за правда, култура, спорт и односи меѓу заедниците ќе ги води ВЛЕН, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе министерствата за здравство, социјална политика, европски прашања, како и функцијата заменик-премиер за добро управување, додека ЗНАМ ќе го води Министерството за земјоделство.
Според неофицијални информации, тоа е договорено меѓу премиерот Мицкоски и коалициските партнери за време на разговорите за реконструкција на владата. Извори за Канал 5 изјавија дека најверојатно, заменик-премиерот и министерот Стоилковиќ, како и министрите Трипуновски, Филков, Ристовски, Љутков и Лимани, ќе ја напуштат владејачката структура.
Засега, информациите не се ниту потврдени, ниту демантирани. Сепак, постигнат е принципиелен договор за гореспоменатите институции.