
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево организираше протестен марш во Скопје поради, како што велат, барањето на цементарницата „Титан Усје“ за продолжување на А-интегрираната дозвола по застарените стандарди.
Претходно, Компанијата повторно соопшти дека останува посветена на примена на највисоките еколошки стандарди и целосно почитување на законската регулатива. Од компанијата посочуваат дека постапката за дозволата е спроведена согласно важечките законски и подзаконски акти и дека целокупната документација е јавно достапна за увид на сите заинтересирани страни.