
Во вторник, собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ја започна амандманската расправа за Законот за правична застапеност. Од вкупно 30 поднесени амандмани, разгледани се два.
„Сите амандмани од опозицијата не се оние што имаат за цел да најдат решение или нешто подобро, туку тоа се амандмани за законот потоа да може да се блокира“, рече пратеникот од ВЛЕН, Имрлије Салиу-Фетаи.
За време на амандманската расправа, фокусот беше ставен на дефинициите во законот, кои, според опозицијата, отстапуваат од Охридскиот рамковен договор. Беше истакнато дека треба да се зголеми нивото на интеграција, но и дека треба да има дебата во однос на сите етнички заедници, наместо само дебата и обвинувања меѓу пратениците од етничките Албанци од владејачката структура и од опозицијата.
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, појасни дека нацрт-амандманот на опозицијата има за цел да обезбеди ефективна еднаквост, ефективно учество и референтна застапеност. Алатките, како што изјави, ќе овозможат вистинската еднаквост да се разликува од статистичкото украсување.