
За осуда е вчерашниот вандалски чин во кој опожарени беа две возила на бугарската амбасада, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Таа не верува дека ова може да ги наруши односите помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи како што рече од наша страна е направена брза реакција во пронаоѓање на сторителот.
Во врска со тврдењето на Огнен Вангелов, поранешен член на Историската комисија, дека покрај процесот на уставните измени, во протоколите имало и многу други услови, Силјановска Давкова изјави дека тоа е доказ дека треба да има гаранции од Бугарија дека вклучувањето на Бугарите во Уставот ќе биде нивното последно барање на патот кон ЕУ.