Извештајот на Вајц за Северна Македонија презентиран пред европратениците

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од известувачот на Европскиот парламент Томас Вајц, беше претставен пред европратениците без дебата и забелешки по неговото излагање.

Вајц порача дека Европската Унија не бара усогласување на историските учебници ниту оспорување на националните идентитети како услов за европска интеграција. Според него, меѓусебното почитување меѓу соседните држави е темел на соработката и добрососедските односи.

Тој нагласи дека никој не треба да го доведува во прашање идентитетот на соседниот народ и оцени дека ЕУ има обврска активно да го поддржува дијалогот и градењето доверба меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Плусинфо пренсе дека Тој предложи амандман за бришење на параграфот 73 од извештајот за Македонија, во кој се бара „реално остварливи резултати“ на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања според Вториот протокол.

Зад оваа навидум строго техничка постапка лежи политички маневар: ако амандманот биде усвоен, текстот нема конкретно да го спомене Вториот протокол кон Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Претходно, бугарските медиуми објавија дека претседателката на земјата, Јотова, добила предупредување од европратениците во земјата, во кое ѝ сигнализирале дека референцата што се однесува на работата на Комисијата може да биде отстранета во последен момент.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *