
Во понеделник, премиерот Мицкоски повторно одби да открие детали за процесот на реконструкција на кабинетот.
Во врска со патот кон ЕУ, Мицкоски, на прашањето за отворањето на првиот кластер преговори за пристапување од страна на Молдавија и Украина, рече дека овие две земји немаат опозициска партија како што е СДСМ за да ги кодоши на меѓународните партнери.
Сепак, од СДСМ велат дека Мицкоски се обидел да се скрие зад Украина и Молдавија и да ја обвини опозицијата дека работи против сопствената земја.