
Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски денеска присуствуваше на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“ во Париз, еден од најзначајните светски настани во областа на одбраната и безбедноста.
Според него, настанот претставува одлична можност за запознавање со најновите техничко-технолошки достигнувања во одбранбената индустрија, кои ги презентираат повеќе од 400 компании и производители на воена опрема од целиот свет.
Исто така во Париз, Министерот за одбрана Мисајловски оствари средба и со Елен Конвеј-Муре, потпретседателка на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили во францускиот Сенат.
На средбата со сенаторката Конвеј-Муре, министерот Мисајловски се осврна на инвестициите во армијата, видливи преку стабилното зголемување на средствата наменети за одбрана кои оваа година достигнаа 2,18 проценти од бруто-домашниот производ, од кои 32,5 проценти се наменети Мисајловски на средбата нагласи и дека потенцијалот за развој на одбранбената соработка со Франција е навистина голем, особено во контекст на заедничките обуки и вежби, како и размената на експертиза во доменот на одбраната.