
Вработените во јавнообвинителската служба предупредуваат дека Предлог-законот, во сегашната форма, не претставува реформски исчекор, туку пропуштена можност за спроведување на неопходните промени. Сметаат дека верзијата доставена до Собранието отстапувала од решенијата подготвени од работната група.
Законот се претставува како дел од реформските процеси и исполнување на обврските од Реформската агенда, а, во предложениот текст не се препознаваат клучните решенија насочени кон зајакнување на самостојноста на јавното обвинителство и издвојување на јавнообвинителската служба од системот на јавната администрација.
“Предупредуваме дека усвојувањето на ваков закон нема да доведе до зајакнување на институционалните капацитети, туку ќе ги задржи истите слабости. Ги повикуваме пратениците внимателно да ги разгледаат забелешките на јавнообвинителската служба и да обезбедат законски решенија што навистина ќе придонесат за самостојност, ефикасност и професионализација на јавнообвинителскиот систем”.