
Многу брзо ќе има парламентарни избори, рече во четвртокот премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Кисела Вода.
Запрашан да појасни дали мисли на предвремени парламентарни избори во 2027 година или на регуларни во 2028 година, тој повторно не даде конкретен одговор, велејќи дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори секогаш кога тоа ќе го побара опозицијата.
Во врска со процесот на реконструкција на владата, премиерот рече дека ќе започне разговори со коалициските партнери од следната недела. Во својство на лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека е завршено преструктуирањето на ниво на општински комитети и партиски структури.