
За привремената општинска барака, за чија изградба, Јакимовски доби правосилна едногодишна затворска казна, еден од клучните докази дека станува збор за дивоградба односно за бесправно градење е барањето за легализација.
Вештакот на обвинителството утврдил дека објектите изградени во училишен двор се монтажни објекти за сместување на општинска администрација, имала метални столбови, гипс картон и кров од пластифициран лим. Но, документите покажале измени на ДУП и барање за легализација, што според двата суда покажува бесправно градење.
Од друга страна, адвокатите пак тврдат дека барањето за легализација не е заведено во општинската евиденција, а графолог утврдил дека тоа воопшто не е потпишано од осудениот Јакимовски, односно тоа е фалсификат, според одбраната на поранешниот градоначалник на Карпош.
Јакимовски најави и постапка пред Врховен суд, но пресудата веќе е распределена на судија за извршување на санкции кој во рок од 30 дена треба да му достави упатен акт за издржување на казната во Шутка.