
Половина година пред да и заврши мандатот членката на судксиот совет Павлина Црвенковска го испразни местото во судскиот совет. На вчерашната седница не присуствуваше а претседателот на советот кусо информираше дека заминала во пензија.
„На членот на судскиот совет Павлина Црвенковска и се констатира престанок на мандатот поради исполнети услови за старосна пензија“, рече Александар Камбовски, претседател на Судски совет.
Новиот закон за судски превидува дека на членовите мандатот им завршува кога ќе исполнат услови за старосна пензија но (во преодните и завршни одредби) во членот 112 стои и дека на членовите на Советот избрани по стариот закон продолжуваат да ја извршуваат функцијата до истекот на мандатот за кој се избрани. Но Судски го консултирале Собранието, и од таму добиле одговор дека одредбата 112 не се однесува на престанок на мандатот на членовите туку е во врска избор на членови. Судски постапил согласно одговорот од Собранието.
Телма ја контактираше и Црвенковска која кусо ни рече дека таа сакала сега да оди во пензија но сепак формално не побарала престанок на мандатот. Нејзиното и другото испразнето место треба да ги пополни собрнаието.
Мандатот на Селим Адеми му заврши во декември лани а од тогаш имаше три огласи за избор на негов наследник. По два неуспешни обиди, на дневен ред на денешната седница е точката за избор на член на судски совет. Комисијата се избори и именување за местото на Адеми ги предлага Артим Ислами и Феузи Џафери