
„Кога зборуваме за билатералниот аспект меѓу Софија и Скопје, она што секогаш го кажувам е дека заеднички интерес на двете земји е да одиме напред на патот кон полноправно членство во ЕУ“, рече министерот за надворешни работи Муцунски во Софија, каде што учествуваше на Самитот на ПСЈИЕ.
Според него, двете земји имаат многу да добијат од процесот. Во однос на францускиот предлог од 2022 година, Муцунски истакна дека неговата земја има поинакво гледиште.
„Треба да функционираме во систем изграден на взаемна доверба. Нашиот став е дека имаме поинакво толкување на она што се очекува од нашата земја во однос на одлуката од 2022 година“, подвлече тој.