
На годишното собрание на Европската слободна алијанса (ЕСА) едногласно беше усвоена декларација со која се бара формално извинување од Бугарија за нејзините злосторства за време на комунистичкото владеење, соопшти ОМО Илинден – Пирин на социјалните медиуми.
„Македонското малцинство во Бугарија моментално се соочува со една од најкритичните кризи на човековите права во рамките на Европската Унија. Оваа системска репресија и етничко негирање се директно продолжение на политиките за денационализација започнати под комунистичката диктатура на Тодор Живков. Во 1963 година, политиката на негирање на постоењето на македонско малцинство беше централен дел од „процесите на преродба“ дизајнирани за насилно асимилирање на малцинствата во „обединета бугарска социјалистичка нација““, се истакнува, меѓу другото, во документот, каде што се повикува и на „крај на двојните стандарди“ од страна на ЕСА.